Агуеро нема да го напушти Манчестер сити до крајот на договорот

Напаѓачот на актуелниот фудбалски шампион на Англија, Серхио Агуеро нема да го напушти Манчестер сити и покрај двегодишната дисквалификација на клубот од европските натпреварувања. Според британски „Ивнинг стандард” 31-годишниот Аргентинец нема намера да го промени првичниот план, а тоа е, да го одработи договорот со Сити до крајот.

По завршувањето на обврските кон премиерлигашот, Агуеро планира да се врати во Индипендент, клубот од каде му почна кариерата и каде сака да заврши со професионално играње фудбал.

Агуеро игра за Манчестер сити од летото 2011 година. Тој е најдобриот стрелец во историјата на тимот. Оваа сезона Аргентинецот има 23 гола и три асистенции на 30 натпревари.

Треба да знаете
Последни објави