– Шефот за односи со јавност во кабинетот на турскиот претседател, Фахретин Алтон ја предупреди Европа дека „актуелната мигрантска криза нема да прекине ако во неа се влеат пари или ако се употреби прекумерна сила”.
Изјавата е дадена по секојдневните напори на грчките власти да ги блокираат бегалците да стигнат до европските земји.
– Бегалската криза не стивнува. Европската унија не може едноставно да фрли пари за овој проблем или да го реши со употреба на прекумерна и смртоносна сила – како што Грција се обиде да направи неодамна, напиша Алтон во Твитер.
Според него, кризата може да се реши само ако Европа се согласи да преземе логични чекори кон Турција.
Мигрантите ги обвинуваат грчките гранични сили дека ги нападнале со огнено оружје и насилно ги враќале назад кон Турција, откако тие ја преминале границата кај Пазаркуле.
Неодамна Анкара соопшти дека повеќе нема да ги спречува лицата кои бараат засолниште, да стигнат до Европа.