Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани донира 1,25 милион евра во болниците како помош за да се спречи ширењето на епидемијата од коронавирусот во Италија.
Четири италијански болници и националната Агенција за цивилна заштита ќе добијат помош од Армани, пренесоа светските агенции.
„Модната куќа ‘Армани’ донацијата од 1,25 милион евра ја насочи за три милански болници и римската болница ‘Спаланчани’, како и за Агенцијата за цивилна заштита“, објави денеска портпаролката на компанијата.
Според статистичките податоци, во 2018 година компанијата ‘Армани’ остварила приход од 2,1 милијарди евра.