Белгиската полиција спаси 14 мигранти од камион-ладилник

Четиринаесет мигранти беа спасени од камион-ладилник во близина на Брисел, пренесува „Спутник“ цитирајќи ја локалната полиција.

Мигрантите биле откриени во неделата откако повикале помош од камионот кој запрел на автопатот што го поврзува Брисел со Североисточна Франција. Покрената е истрага.

„Нема причина за загриженост за нивната здравствена состојба“, посочи полицијата во општината Намур за весникот „Ле Соар“.

Минатиот октомври, светот беше шокиран од веста за камион-ладилник во кој биле превезувани 39 виетнамски мигранти,  31 маж и 8 жени на возраст од 15-44 години, кои замрзнаа до смрт.

Камионот пристигнал во Велика Британија од Белгија, а бил пронајден е во индустриски парк во округот Есекс во Велика Британија. Четворица мажи, меѓу кои и двајца возачи кои го возеле камионот, беа обвинети за убиство и други престапи, а неколку други лица беа уапсени.

Треба да знаете
Последни објави