Бен Афлек во врска со 16 години помладa колешка

Бен Афлек (47) е во врска со својата колешка од филмот „Длабока вода“, Ана де Армас (31), актерка со потекло од Куба.

Според списанието „Пипл“, двајцата биле видени на вечера во Хавана, а претходно биле забележани како се бакнуваат на аеродромот пред да се качат на приватен авион, пренесува „Фокс њуз“.

„Нема сомнение дека тие се во врска“, изјавил близок пријаттел на двојката.

https://www.instagram.com/p/B88bCVcHzVA/

Откако беа фотографирани во ресторан во Хавана, почна да се зборува дека се заедно, а се запознале на сетот за филмот „Длабока вода“, чие снимање заврши пред неколку недели.

https://www.instagram.com/p/B89FF7WHHa5/

Двајцата биле видени заедно во неколку ресторани и во шопинг, потоа на прошетка во Хавана, а на една од објавените фотографии, актерот ја гушка својата 16 години помлада колешка.

Бен Афлек беше 10 години во брак со Џенифер Гарнер, со која има три деца.

Треба да знаете
Последни објави