Берзата на криптовалути изгуби 26 милијарди долари

Биткоинот претрпе голем пад на вредноста поради случувањата на берзите на нафта.

Најголемата криптовалута изгуби десет отсто од вредноста во последните 24 часа.

И другите криптовалути, како етериум и биткоин кеш изгубија од својата вредност, поради што берзата на криптовалути забележа загуба од 26,43 милијарди долари.

Падот на вредноста на криптовалутите е предизвикан од намалување на цените на нафтата, што се на најниско ниво од 1991 година.

Цената на нафтата Брент за испорака во мај на берзата во Лондон утрово се намали за 43,4 отсто на 31,57 долари за барел.

Голдман Сакс ги намали прогнозите за Брент за вториот и третиот квартал од оваа година на 30 американски долари за барел, истакнувајќи ја ценовната војна меѓу Русија и Саудиска Арабија и значителниот пад на побарувачката како резултат на епидемијата на новиот коронавирус.

Цената на нафтата е со најголем регистриран пад од 1991 година откако Ријад се закани дека ќе ги ослободи своите досега задржани резерви. Саудиска Арабија е најголемиот извозник на нафта во светот.

Треба да знаете
Последни објави