Бројот на заразени со Ковид-19 во Австрија се зголеми на 112

Бројот на заразени со новиот коронавирус во Австрија се зголеми и денеска и достигна 112, откако вчера изнесуваше 100 лица.

Од појавата на вирусот во Австрија се тестирани вкупно 4.434 лица, и за само два дена бројот на заразени се зголеми за 30 нови случаи.

Само во Виена, бројот на заразени лица изминатиов викенд се зголеми од девет на 33, а меѓу заразените се и вработени во една детска градинка.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави дополнителни мерки за борба против ширењето на коронавирусот.

– Она што треба да го спречиме е брзото ширење на коронавирусот со актуелниот бран на грип, рече тој.

Курц најави дека е можно затворање на училишта, градинки и универзитети, но, како што истакна, „во вистинско време и во вистински обем”.

Треба да знаете
Последни објави