– Службата за цивилно воздухопловство на Грција, следејќи ги препораките на Министерството за здравство и Националната здравствена организација, денеска соопшти како превентивна мерка за заштита од Ковид-19 привремено одложување на сите летови од и кон северна Италија во следните две седмици, јави дописничката на МИА од Атина.
Конкретната мерка стапува во сила денеска, а ќе важи до 23 март 2020 и се однесува на летовите од сите грчки аеродроми и сите авиокомпании од и кон регионите Емилија Ромања, Пједимонте, Ломбардија и Венето.