Коронавирусот и мерките кои ги преземе Италија за да го спречи ширењето удрија и по фудбалот. Натпреаврите од Серија А веќе се играат пред празни трибини, а ако продолжи епидемијата најавена е можност за прекинување на сезоната. Меѓу мерките кои се препорачани да се применуваат во Италија за да се намали ширењето на коронавирусот е и да нема ракување, гушкање, седење до другите лица во затворени просотори на оддалеченост од најмалку еден метар…
Од сето ова на неделните калчолигашки натпреаври министерот за спорт во Италија Винченцо Спадафора забележал дека фудбалерите не ги почитуваат препораките и најавува дополнителни мерки. Макеоднскиот интеранционалец Горан Пандев кој беше јунакот на Џенова во победата над Милан (2:1) по постигнувањето на водечкиот гол за својата екипа го прослави истиот со гушкање со соиграчите. Овој потег на искусниот македонски интеранционалец го налути министерот кој објави дека има намера да даде предлог за изменување и дополнување на законот за јавна безбедност со која ќе се забрани гушкање меѓу фудбалерите по постигнат гол за да се спречи ширење на епидемијата на коронавирусот.
– Лигата не презема одговорност. Не сум задоволен од работата на претседателот Дал Пино, што друго треба да се случи кај нас за да стане јасно дека треба да се запре шампионатот во Серија А? Денешното радување и гушкање на Пандев со соиграчите го докажува тоа најдобро и уште еднаш дава лош пример. Треба да донесуваме одлуки кои го штитат здравјето на Италијанците – изјавил во интервју Спадафора.