Емили Блант заблеска во црвен кожен фустан на премиерата на „Тивко место 2“

Тие повторно се здружија за продолжението на хорор-хитот од 2018 година „Тивко место“ со оригинален наслов A Quiet Place.

А во неделата навечер Емили Блант и Џон Красински позираа на црвениот тепих на премиерата на „Тивко место дел 2“ во Њујорк.

Талентираната двојка зрачи со елеганција и префинет стил. Емили (37) на себе има фустан од црвена кожа. Красински (40) е во костум во сина боја.

Ликот што го глумеше Красински беше убиен во оригиналниот филм кој самиот тој го режираше. Тој е на кормилото и во продолжението на приказната.

Емили повторува ја игра улогата на Евелин Абот. Таа и понатаму се обидува да најде засолниште за своите деца во свет во кој вребаат суштества кои ловат со звук.

Но овој пат, таа открива дека постојат и други закани додека се впушта во непознатото со ќерката Реган, синот Маркус и нејзиното новороденче.

Трејлерите за филмот откриваат дека Красински повторно се враќа пред камерата како сопруг на главната хероина Евелин.

Селебрити двојката се венчаа во 2010 година. Имаат две ќерки Хејзл (6) и Вајолет (3).

Треба да знаете
Последни објави