Кина ги затвори повеќето од импровизираните болници во Вухан, епицентарот на коронавирусот, откако бројот на нови инфекции во земјата достигна рекордно ниско ниво.
Good news! The number of patients at the makeshift hospital in the Wuchang district of #Wuhan decreases as many are transferred or discharged. By Sunday afternoon, the hospital has admitted a total of 1124 patients. 116 of them are currently being treated. #coronavirus #COVID19 pic.twitter.com/dDWhuqoLRD
— China Daily (@ChinaDaily) March 9, 2020
Во изминатите 24 часа во земјата се пријавени околу 40 нови случаи на коронавирус, што е најмалку откако Националната здравствена комисија започна со евидентирање на тие податоци во јануари.
Од избувнувањето на епидемијата се заразени вкупно нешто повеќе од 80.000 луѓе во Кина, но само во Вухан се успешно излекувани повеќе од 31 000.
The makeshift hospital built at #Wuhan Sports Center closed.
Since its opening on Feb 12, the hospital admitted 1,056 patients. It reported zero death from patients. No medical staff member was infected and no cured patient showed symptoms of reinfection. #coronavirus #COVID19 pic.twitter.com/dQNSZ5a0Fn
— China Daily (@ChinaDaily) March 9, 2020
Од 16-те болници во Вухан, кои всушност се преуредени јавни објекти како што се спортски и културни центри, 11 се затворени до вчера.