Клиниката за Кожно венерични болести од денес е под клуч, а целиот медицински персонал е со препорака за изолација- вели вработена лекарка во клиниката за 24 инфо. Сите хоспитализирани пациенти ќе бидат префрлени во ГОБ „8-ми септември“. На одделенијата се шири паника меѓу пациенти и дел од нив се обиделе да избегаат по објавата дека директорката на Клиниката за кожно венерични болести е четвртата заразена со коронавирус. Од утре пациентите и закажаните ќе бидат препратани во ГОБ или во приватните клиники. Но останува отворено прашањето колку од приватните доктори биле на симпозиумот во саботата и кој од нив е потенцијален носител на вирусот.