Мицкоски отиде кај менторот Груевски да му ги одобри листите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Извршителот Мицкоски отиде на нови консултации кај својот ментор во Будимпешта Никола Груевски, да му ги одобри листите за пратеници.
Извршителот Мицкоски не смее да понуди ништо , тој само ги извршува наредбите на неговиот шеф, Никола Груевски. Дури ниту листите за кандидати за пратеници не смее да ги подготви без Груевски.
Листите за кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат во Будимпешта директно од криминалецот Груевски, Мицкоски само треба да  ги донесе.
Е на таков извршител е сведен Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ја води Груевски, човекот којшто од Република Северна Македонија направи заробена држава, кој прислушуваше над 20 илјади граѓани, кој го зароби судството, монтираше судски процеси и нарачуваше пресуди.
Извршителот Мицкоски е само негова продолжена рака и има задачи да ги продолжува политиките на Груевски и да инсталира негови луѓе во Собранието на Република Северна Македонија.
Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорните политики на СДСМ и претседателот Заев што носат напредок, економски развој и интеграција и деструктивното делување на Мицкоски кој го брани криминалот, изолацијата и обновата на режимот.
Затоа на 12 април, поразот на Мицкоски е извесен.

 

Треба да знаете
Последни објави