На Италијанците кои ќе ја прекршат забраната за движење им се заканува затвор

Италија бележи најмногу смртни случаи од болеста ковид-19 од која било друга земја надвор од Кина, каде што е епидемијата, која досега уби повеќе од 3500 луѓе и зарази повеќе од 100 000 ширум светот.

Дури и пред новите загрижувачки бројки, италијанската влада воведе радикални мерки со кои се блокираат 16 милиони луѓе во Ломбардија и 14 други провинции.
Ограничувањата без преседан што ги воведе Италија опфаќаат 16 милиони луѓе и ќе останат во сила до 3 април, а законот преку ноќ го потпиша премиерот Џузепе Конти.

Според новите мерки, странските туристи кои моментално престојуваат во Ломбардија и уште 14 северни провинции погодени од вирусот треба да заминат од таму, изјави италијанскиот премиер.

Некои веќе се обиделе, а некои успеале да заминат од погодените делови на Италија, а лидерот на италијанската опозиција, Матео Салвини, побара од владата да им ја објасни ситуацијата на милиони загрижени Италијанци.

Спортски настани и протести се откажани, а забрането е одење во кина, театри или музеи и собирање на други јавни места.

На сите оние кои ќе ја прекршат забраната за движење во Италија без да имаат добро оправдување им се заканува затвор до три месеци со казна до 206 евра. Но, изгледа дека тие казни ќе бидат дополнително зголемени, пренесува „Кориере дела Сера“.

Треба да знаете
Последни објави