Бројот на лица заразени со новиот коронавирус во Словенија се искачи на 19, јави дописникот на МИА од Љубљана. Оваа информација ја соопшти министерот за здравство Алеш Шебедер, на почетокот на состанокот на Советот за национална безбедност, каде што единствена точка на дневен ред е ширењето коронавирусот.
Детали за состојбата на заразените лица и каде се заразиле засега нема. Во меѓувреме здравствените власти објавија дека е отворена специјална телефонска линија за сите оние кои имаат потреба од информација или совет околу коронавирусот.