Министерот за надворешни работи Никола Димитров, се обрати на завршниот дел од вториот ден на ТинкТенк Форумот во рамки на Заедничкото претседателство со Берлинскиот процес за З.Балкан на Република Северна Македонија и Република Бугарија.
Министерот Димитров нагласи: “Првото Заедничко претседателство со Берлинскиот процес претставува можност да го вратиме фокусот на нас. Сметам дека имаме силен случај, а со новата методологија и позитивниот извештај на Европската комисија ги имаме сите состојки потребни за успех и за отпочнување на преговори со ЕУ.”
Обраќање имаше и Екатерина Захариева, министерка за надворешни работи на Република Бугарија.
Форумот под наслов “Стимулирање стратешка автономија – Придонесот на Западен Балкан кон заедничката Европска иднина”, е во организација на Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје во соработка со Европскиот совет за надворешна политика (ECFR), од Софија.
Настанот е организиран во рамки на Заедничкото претседателство со Берлинскиот процес за З.Балкан на Република Северна Македонија и Република Бугарија.