Поради брзото ширење на коронавирусот во Словенија, управата на Универзитетот во Приморска реши привремено да ги затвори вратите и да го прекине образовниот процес.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, универзитетот ќе биде затворен до 20 март. Ректоратот соопшти дека набрзо ќе излезат со сите детали и насоки за студентите.
Во овој универзитет предаваат повеќе професори од соседна Италија, кои живеат во деловите на земјата каде има голем број заразени со коронавирусот.
На официјалната фејсбук страница на универзитетот пишува дека на ваков чекор се одлучиле поради тоа што оваа образовна институција има голема комуникација со Италија, а поради тоа има опасност до уште поголемо ширање на вирусот.