Техничкиот премиер Оливер Спасовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска се двоецот кој ќе ја предводи листата во втората изборна единица, дознава Локално од извори од партијата.
Во моментов, владејачката СДСМ одржува Централен одбор, како претпоследен филтер за листите, кои потоа треба да бидат верифицирани од партискион Конгрес, кој пак ќе се одржи веднаш по состанокот на ЦО.
Засега е сигурно дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе биде носител на листата на четвртата изборна единица, но се уште не се знае која е кандидатката која ќе го придружува како носителка. Во шестата изборна единица, носител ќе биде лидерот на Беса, Билал Касами.
Заменик претседателката на партијата Радмила Шекеринска, како што неофицијално дознаваме, ќе биде носителка во петтата изборна единица, најверојатно со министерот за здравство, Венко Филипче.
По завршување на Конгресот, Заев пред јавноста ќе ги соопшти сите 120 кандидати за прареници од шесте изборни единици.