– Тешко вооружени напаѓачи украдоа денеска околу 15 милиони долари од блендиран камион на чилеанскиот аеродром во Сантјаго, што е една од најголемите кражби во земјата.
Криминалната група пристигнала во товарната зона на аеродромот со две превозни средства, изјави полковникот на полицијата Оскар Фигероа.
– Откако влегле внатре му се заканиле на обезбедувањето, пред да ги земат парите, истакна Фигероа.
Во 2017 година од истиот аеродром се украдени 19 милиони долари.