Шон Пен и Лејла решија да се појават заедно на добротворен настан

Тие се во врска уште од 2016 година.

Во неделата вечер, Шон Пен (59) и девојката Лејла Џорџ (27) дојдоа заедно и позираа држејќи се за рака на настан во Лос Анџелес. Ова е едно од нивните ретки појавувања заедно на црвен тепих.

Тие симпатично се држеа за раце додека им позираа на фотографите на добротворниот настан Meet Me In Australia како дел од напорите за ублажување на последиците од огнената стихија во Австралија. Асоцијацијата на големата зоолошката градина на Лос Анџелес – Greater Los Angeles Zoo Association (GLAZA) – беше домаќин на настанот од хуманитарна природа.

Шон и Лелја беа облечени сосема едноставно, секојдневен џемпер, спортски патки… ништо гламурозно.

Шон почна да излегува со 32 години помладата Лејла откако ја преболе разделбата со Шарлиз Терон.

Лејла, родена во Австралија, е ќерка на актерот Винсент Д’Онофрио и актерката Грета Скачи.

Оскаровецот Шон Пен беше во брак со Мадона од 1985 до 1989 година, и со Робин Рајт од 1996 до 2010 година. Со Рајт имаат две деца – ќерката Дилан (28) и синот Хупер (26).

Треба да знаете
Последни објави