По повод 8-ми Март, општина Бутел денеска организираше целодневна манифестација „ Еден поинаков 8-ми Март” чија цел е зголемување на свеста за континуирана заштита на здравјето на жената и здравјето на семејството.
Имено, Општина Бутел по трети пат ја организира оваа манифестација која има за цел, свесноста за здравјето на дојките и комплетната посветеност за здравјето на жената.
Доктори специјалисти, како и секоја година така и оваа , прегледаа над 70 жени од администрацијата. Направени беа тумор маркери, физичко прегледување на градите, проверка на шеќер и маснотии во крвта,…
Во склоп на прегледите беа организирани и предавања за самопреглед на жените, за неопходноста од редовното правење ЕХО, мамографски прегледи на дојка и ПАП тестови.
Општина Бутел покажа една поинаква грижа за жените вработени во администрацијата.