Дваесет и седум луѓе починаа во Иран од труење со алкохол, по шпекулациите дека алкохолните пијалаци лекуваат од коронавирусот, објави официјалната новинска агенција „Ирна“.
Иран, каде денеска беше објавен податокот за 237 починати, е една од најтешко погодените земји со болеста ковид-19, по Кина и Италија.
Во Исламска Република Иран забранети се продажбата и пиењето алкохол, но месните гласила постојано известуваат за смртни случаи поради труење со алкохол.
Има информации дека 20 луѓе умреле од труење со алкохол во покраината Хузестан, а седум во Алборз, покраина која се граничи со Техеран.
„Консументите им поверувале на шпекулациите дека алкохолот може да помогне во лекувањето на болеста предизвикана од коронавируст“, наведува агенцијата.
Како што се наведува, во Хузестан починале 16 луѓе од коронавирусот.