Кинеска компанија прва развива технологија за препознавање на лица под хирушки маски, што поради епидемијата на новиот коронавирус, ги носат Кинезите изминатите месеци.
Кина користи некои од најсофистицираните светски системи за електронски надзор, вклучително и препознавање на лица.
Но, појавата на новиот коронавирус, што кон крајот на минатата година се појави во провинцијата Хубеи, доведе до тоа речиси сите да носат хирушки маски, што претставува проблем поради надзорот.
Компанијата „Ханванг технолоџи”,со седиште во Пекинг соопшти дека поседува технологија со чија помош успешно можат да се препознаат луѓето, дури и кога носат маски.