Францускиот фудбалски првак ПСЖ утрешниот реванш меч од осминафиналето во Лигата на шампионите со бундеслигашот Борусија Дортмунд ќе го одигра без присуство на гледачи поради коронавирусот. Но, за „светците“ поголем проблем создава инфромацијата дека на денешниот тренинг не се појавил Килијан Мбапе поради болки во грлото !
„Ле Паризиен“ објави дека Французинот е болен па затоа неизвесно е дали ќе настапи против германскиот гигант. Младиот 21-годишниот напаѓач за ПСЖ, Мбапе досега постигна 30 голови, па нема сомнеж дека „светците“ ќе бидат ослабени доколку го немаат во тимот на дуелот со „милионерите“.