Претеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски напиша на својот Фејсбук профил дека Фатиме Фетаи најдобро знае дека Зоран Заев лаже дека ги немал, не ги знаел, не ги предал објавените 5 од 6 снимки, кои УБК нелегално ги снимила за него во 2011 година, а кои пред неколку дена беа објавени на Јутјуб.вели пратеникот Антонио Милошоски, за неодамна објавените снимки од него.
-Истите 6 снимки обвинителката Фатиме, по налог на лицето З.З. и Катица, ги работела во февруари 2018, и во СЈО повикала странка, сведок (машко лице), со кого заедно ги слушале снимките, вклучително и 6-тата која Заев сега решил да не се објави, бидејќи докажува нема дело. Повиканиот сведок и СЈО си имаат уреден записник за овој настан и преслушаните снимки, кои сега се во посед на ЈО, вели Милошоски.
Според Милошоски, ова докажува прво дека Заев предал многу снимки во СЈО, и второ дека од истите нелегални снимки Заев поседува копии и лично нарачува нивни монтажни и објави, што е кривично дело.
https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/3123899887629456