Сè уште на крилјата на успехот на нивниот документарен филм American Factory („Американска фабрика“), поранешната американска претседателска двојка веќе работи на друг проект на „Нетфликс“.
Американските медиуми пренесуваат дека продуцентската компанија на Мишел и Барак Обама, Higher Ground, ќе продуцира филмска адаптација на романот Exit West “ на пакистанскиот писател Мохсин Хамид.
Потфатот исто така го привлече вниманието на стриминг-гигантот „Нетфликс“ кој што ќе копродуцира заедно со режисерите на „Одмазници: Завршница“ (оригинален наслов Avengers: Endgame) Џо и Ентони Русо, кои работат на проектот од 2017 година.
Браќата Русо ги стекнаа правата за адаптација на романот во август 2017 година, само пет месеци по неговото објавување во САД. Во тоа време, беше соопштено дека Мортен Тилдум, кој е најпознат по својата работа за историската драма на Imitation Game, ќе биде режисер а сценариото ќе го напиша Џесика Голдберг.