Португалскиот претседател во карантин поради Ковид-19

– Претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуса ги откажа сите јавни обврски во следните две недели и ќе остане дома поради епидемијата на новиот коронавирус, соопшти неговиот кабинет.

Канцеларијата истакна дека Де Соуса (71) нема симптоми на болеста и се одлучил на самоизолација за да даде пример за преземање превентивни мерки и ќе продолжи да работи од дома.

Де Соуса неодамна прими група ученици од училиште кое подоцна беше затворено, откако беше откриено дека еден ученик бил заразен со новиот коронавирус.

Тој нема симптоми на болеста, а заразениот ученик не бил во групата што ја посети претседателската палата.

Во Португалија досега се пријавени 30 случаи на заразени со новиот коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави