Во последниот натпревар од 27. коло од шпанската Ла Лига, Реал Мадрид синоќа беше поразен на гостувањето кај Бетис со 2:1. За Реал ова беше втор пораз во последните три натпревари од домашното првенство.
Стрелци на головите за тимот од Севиља беа Сиднеи во 40. и Тељо во 80. минута, Бензема од пенал во финишот на првото полувреме го постигна единствениот погодок за Реал.
„Кралскиот клуб”остана на 56 бода и пропушти шанса со победа да се врати на првото место на табелата на кое сега е Барселона со 58 бода.
Бетис е на 12. место со 33 бода.