Новата дигитална платформа „Квиби“ наскоро ќе почне да прикажува нова серија за фасцинантниот свет на животните и дивината. Серијата во која во фокус се животни женки, треба да започне во април, е насловена Fierce Queens („Жестоки кралици“).
Оскаровката Рис Витерспун ќе биде наратор и домаќин на проектот што доаѓа од Одделот за националната историја на Би-би-си студио.
Со цел да го одбележи Меѓународниот ден на жената во неделата, на 8 март, дигиталниот стриминг сервис „Квиби“ го сподели првиот трејлер кој прикажува некои од најмоќните диви женки во природата.
„Запрашајте се едно прашање: Зошто го нарекуваат животинско царство, кога е очигледно дека во него владеат кралици?“ вели Витерспун вели на почетокот на трејлерот во кој се прикажани фасцинантни форографии од женки гепарди, бабуни, хиени и инсекти…
„Запознајте ги женките што им даваат ново значење на зборовите: јади, лови, сакај“, додава таа на фотографии од женки животни во акција, пред следниот оброк.
Серијата која ќе го приближи фасцинантниот свет на животните и дивината се состои од 10 епизоди со траење од 10 минути.