Фудбалерот на италјанскиот фудбалски шампион Јувентус, Кристијано Роналдо синоќа против Интер го одигра 1.000 натпревар во својата кариера.
Португалецот зад себе има импресивни бројки. Тој постигна 725 голови и 253 асистенции, настапувајќи за Спортинг, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и португалската репрезентација.
Роналдо има пет златни топки. Во 2016 година го освои Европското првенство со репрезентацијата на Португалија. Има пет титули од Лигата на шампионите и е најдобриот стрелец во историјата на елитното натпреварување.