Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска сепак нема да сведочи во случајот за организаторите од 27 април иако беше претходно предвидено. Според судијата Илија Трпков, Спасовски имал неуредна достава, а иста таква достава имал и сведокот Михаил Младеновски.
Воедно како причина поради која на денешното рочиште нема да има сведоци, се наведува и тоа што за денеска до 14 часот се предвидени воведните зборови на адвокатите и обвинетите, откако на минатото рочиште своите воведни ги кажа обвинителката Вилма Русковска.
Покрај Миле Јанакиески, во случајот за организаторите на „27 април“ обвинети се и ексминистерот за Труд и социјална политика, Спиро Ристовски, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.