Во врска со случајот на заразената директорка на Клиниката за кожни болести, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, вели дека се работи за врв на неодговорност, поттикната и од однесувањето на министерот за здравство, Венко Филипче.
„Венко Филипче со еден директор на клиника дели тендери, со друг директор на клиника ја шири болеста. Директор и тоа на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Билјановска, во ек на епидемија да замине на туристичко патување во епицентарот на коронавирусот во Европа, на северот на Италија. Потоа, две недели се движела меѓу граѓаните, одела на работа на клиниката, контактирала со медицинскиот персонал и пациентите, носејќи го и ширејќи го вирусот, без никаква санкција.
Директорката Цаца Биљановска немала никаква санкција за своето однесување и две недели со леснотија имала можност да ја шири заразата, сè поради неодговорноста на Венко Филипче. Во овие моменти кога опасноста од ширење на болеста е сè поголема заради неодговорноста на Филипче и неговиот тим директори, инсистираме на итни и неодложни оставки на директорката Цаца Биљановска и Венко Филипче“, истакна Стоилковски.