Во словенечкото Собрание почна сослушувањето на првите три кандидати за министри

Во Собранието на Словенија почнува законската процедура на сослушување на кандидатите за министри во новата влада предводена од мандатарот Јанез Јанша.

Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, први пред соодветните собраниски комисии ќе бидат сослушани кандидатот за министер за одбрана Матеј Тонин, за надворешни работи Анже Логар и тој за труд и Јанез Циглер Краљ.

Другите потенцијални министри ќе ја поминат истата процедура следните денови, по што комисиите ќе имаат рок од 48 часа за резултатите да го известат претседателот на Собранието, кој ќе одлучи кога ќе ја свика седницата за избор на новата Влада.

Најголем дел од предложените кандидати за министри се веќе добро познати политичари кои извршувале министерски задачи или биле пратеници во Собранието.

Треба да знаете
Последни објави