Доли Партон за својот 75. роденден сака да биде на насловната на „Плејбој“

Доли Партон (74) сака повторно да биде на насловната страница на магазинот „Плејбој“, а на оние што одлучуваат за тоа таа им порача дека нејзините гради се сè уште исти.

Кантри-ѕвездата, која неодамна го прослави својот 74. роденден, во телевизиско шоу изјави дека нема намера да се пензионира и да се повлече од музичката сцена и дека се надева дека следната година повторно ќе биде на насловната страница на познатото списание, пренесува „Пипл“.

-Не планирам да одам во пензија. Имам само 74 години и сакам повторно да бидам на насловната страница на ‘Плејбој’“, рече таа.

„Се сликав за ‘Плејбој’ пред повеќе години, и мислам дека би било одлично кога тие би го повториле тоа: Не знам дали ќе го сторат тоа, дали можам да бидам на насловната страница на 75 години.

Доли Партон се појави на насловната страница на списанието во октомври 1978 година, кога имаше 32 години.

Таа го носеше ппрепознатливиот костим на плејбој-зајачица и беше првата канри-ѕвезда која ја красеше насловната страница на магазинот.

Треба да знаете
Последни објави