Имаме ли безбеден сообраќај: Втора епизода на „5 минути факти“

Трагичната сообраќајна незгода кај Ласкарци минатата година, во која загинаа 16 луѓе е повод за темата на емисијата „5 минути факти“, чија втора епизода се емитуваше сношти на Канал 5. Емисијата се емитува секој понеделник од 18 часот во вестите на Канал 5.

Сè уште не е јасно зошто по примерот на превозникот „Дурмо турс“ , истите такви фирми имаат и фирма за превоз со автобуси, но имаат и фирми за технички преглед. Екипата на “5 минути факти“ го отвори прашањето: Што се презема за безбедност на автобускиот превоз? Сè уште не постои закон со којшто се забранува фирма превозник да биде и раководно лице во станица за вршење на технички преглед.

Свое видување на темата даде адвокатката Бисерка Муратидис Андонова. Екипата на „5 минути факти“ објави податоци за контролирани автобуси и други возила кои вршат јавен превоз.

Новинарите на „5 минути факти“ беа на терен, заедно со сообраќајната полиција која вршеше контрола, прегледувајќи ја техничката подготвеност на возилата.

Според МВР, 68 сообраќајни незгоди се настанати поради грешки на возачи на автобуси во 2019 година.

Целата емисија можете да ја погледнете на Фејбсук профилот на Канал 5, на следниот линк:

https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/2572040393117661/

Треба да знаете
Последни објави