Каков расплет ќе има замрзнатата Серија А !?

Откако Олимпискиот сојуз на Италија во договор со владата на оваа земја како една од мерките за справување со ширењето на коронавирусот  донеоса одлука да се замрзнат активноститие во фудбалската Серија А до 3 април се наметнува прашањето каков ќе биде расплетот во калчолигашката конкуренција. Засега никој нема одговор.

Италија во карантин. На жителите  им дозволено одење на лекар и извршување на обврски кои не можат да се одложат. Каков расплет би имала тековната сезона од Серија А никој неможе да прогнозира. Се најавуваат три можни сценарија.

Првото е да се помести Европското првенство и тоа да се одигра наместо на есен или идната  година.

Втората опција по симнувањето на забраната клубовите да почната со забрзан ритам на одигрување на големиот број преостаната натпревари до крајот на Серија А, во последниот месец предвиден со натпреаврувачкиот календар. Ако се одбере вакво сценари би се играле натпревари на два или три дена.

Третото сценарио е да се се донесе одлука со коај се завршува првенството до таму каде што е одиграно. Во тој случај Скудето нема да биде доелено, туку само би ќе бидат верификувани според моменталниот пласман тимовите кои ќе се здобијат со право на настап на евро-сцената. Од лигата никој не би испаднал, а би влегле првопласираните две екипи од Серија Б и следната сезона во елитното калчолигашко натпреавување би играле 22 клуба.

Треба да знаете
Последни објави