Комисијата за заразни болести и препорачува на Владата на С. Македонија денеска да донесе нова одлука за забрана на сите масовни собири, публика на спортски натпревари во затворено и на отворено. Оваа мерка ако биде прифатена на денешната владина седница ќе важи во наредните 14 дена.
Ваква одлука се повеќе притиска и на натпреаврот од полуфиналето во фудбалската Лига на нанции меѓу Макеоднија и Косово закажан за 26 март. Најновата забрана ако биде донесена денеска би завршила на само два дена пред одигрувањето на решавачкиот меч, но неизвесноста дали дотогаш ситуацијата ќе се промени ќе остане да виси, па затоа и отварањето на вратите од стадионот за навивачите ќе биде дилема до последне момент. ФФМ уште на почетокот од примената на мерките за справување со коронавирусот најави дека ќе ги почитува сите одлуки на надлежните.
Во Италија фудбалот и сите спортови се целосно суспендирани до 3 април, Шпанија забрани навивачи на стадионите, исто така и Франција. УЕФА одлучи мечевите од ЛШ и ЛЕ да се играат без присуство на публика, а размислува и за одложување на некои натпревари во критичните региони заразени со коронавирусот.