Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека денеска нема нов случај на заразен со коронавирус во земјава. Се тестира пациентка на возраст од 16 години, која имала неспецифични симптоми на горнореспираторна болест. Нема други сомнителни случаи што се тестираат. Резултатите се очекуваат попладнево.