Шпанскиот парламент без активности најмалку една недела поради пратеник со коронавирус

Долниот дом на шпанскиот Парламент најави дека ќе ги прекине сите активности за една недела откако билот потврдено дека пратеник од десничарската партија „Вокс“ е заразен со коронавирус, пренесува РТ.

На пратеникот Хавиер Ортега Смит, шеф на партијата „Вокс“, му е дијагностициран коронавирусот и парламентот е суспендиран најмалку една недела како мерка на претпазливост бидејќи партијата „Вокс“ има 52 пратенички места и претставува трет по големина блок во конгресот.

Министерството за здравство ќе продолжи со операциите како што е нормално за да ја информира општата популација за состојбата со коронавирусот, потврди претседателот на шпанскиот Конгрес, Меритсел Батет.

Во меѓувреме, шпанските власти потврдија вкупно 1.622 случаи на инфицирани со коронавирус во земјата, а бројот на починати во моментов е 35.

Како дополнителна претпазливост за спречување на бранот на инфекција, шпанската влада нареди откажување на сите летови до и од Италија за период од две недели од 11 март на полноќ.

Треба да знаете
Последни објави