Австрија забрани влез за луѓето што доаѓаат од Италија

Австрија наметна забрана за сите лица кои доаѓаат од Италија освен ако немаат лекарско уверение, најави канцеларот Себастијан Курц, иако Австријците што во моментов се во Италија се охрабрени да се вратат, пренесува РТ.

„Ќе има забрана за влез на лицата кои патуваат од Италија во Австрија, при што исклучок се луѓето што имаат лекарско уверение“, рече Курц.

Во меѓувреме, на Австријците кои се наоѓаат во Италија ќе им биде дозволено да се вратат, но мора да останат во изолација две недели.

Министерот за внатрешни работи, Карл Нехамер, изјави дека полицијата ќе го испита движењето на италијанската граница.

„Транзитот низ Австрија е дозволен сè додека не се планира престој во Австрија“, рече официјалниот претставник, истакнувајќи дека прекуграничниот сообраќај во двата правци веќе е намален за повеќе од половина.

Истовремено, владата ги откажа предавањата на универзитетите и во стручните училишта почнувајќи од следниот понеделник, а компаниите ќе го поттикнат персоналот да работи од дома.

Австрија досега има пријавено над 150 потврдени случаи на коронавирус, но смртноста од вирусот е толку голема што владата не може да оди со помеки мерки.

Треба да знаете
Последни објави