Бекам го сака Силва во Интер Мајами

Фудбалерот од средниот ред на актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити, Давид Силва може да ја продолжи кариерата во Интер Мајами.

Американските медиуми соопштија дека ко-сопственикот на клубот Дејвид Бекам е заинтересиран за трансфер на 34-годишниот Шпанец. Договорот на Силва со Манчестер сити завршува претстојното лето. Претходно беше објавено дека тој може да се пресели во Њујорк сити.

Силва игра во Манчестер сити од 2010 година.

Треба да знаете
Последни објави