(Видео) Индијците запалија огромно хартиено чудовиште – „Короназур“

Огромна хартиена кукла што го претставува смртоносен вирус „ковид-19“ беше запалена од Индијците во подготовките за верската прослава на пролетта додека здравствените власти во земјата ги зголемуваат мерките за да ја контролираат болеста, пренесува РТ.

Жителите на Мумбаи се собраа во понеделникот да го запалат „Короназур“, огромната фигура на чудовиште кое го симболизира вирусот што ги зафати Азија, Европа и Северна Америка. На театричната поворка пред фестивалот Холи, огромен пламен меч беше забоден во ѕверот, брзо горејќи го од глава до петици со бурна поддршка од публиката.

Церемонијалното убивање на вирусот доаѓа во период кога бројот на заболени во Индија се зголеми на 45, при што неколку држави ги пријавија своите први случаи последнава недела, поради што официјалните лица ги зајакнаа мерките во целата земја.

Централната влада ги суспендираше електронските визи за патниците кои доаѓаат од новите жаришта на коронавирусот – Италија, Иран, Јужна Кореја и Јапонија – и воведе задолжителни здравствени прегледи на 21 аеродром.

На Централните вооружени полициски сили (ЦАПФ) исто така им беше наредено да започнат со подготовка на капацитети за оние за кои може да им биде потребен карантин, а се очекува во нив да има 5.400 легла. Дополнителни 75 оддели за изолација ќе отворат и другите федерални агенции, пренесува „Индија тудеј“.

Регионалните здравствени власти го засилија скринингот за оваа болест, а илјадници патници во државата Утар Прадеш, каде што се откриени голем број заразени, се под надзор за какви било симптоми. За вирусот биле тестирани повеќе од 3.000 Индијци, но огромното мнозинство имало негативни резултати.

Треба да знаете
Последни објави