Министерството за здравство информира дека резултатите на првозаболената пациентка со коронавирус се негативни на овој вирус. Таа втор пат беше тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација.
Негативна на коронавирус е и 16-годишната пациентка со неспецифични знаци за горнореспираторна болест.
Во меѓувреме, тестирани беа и други двајца пациенти, за кои резултатите се исто така негативни на овој вирус.
„Здравствената состојба на шесте пациенти што се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна, а седмата пациентка е целосно стабилизирана, но нејзиното лекување не е завршено. Таа ќе биде сѐ уште хоспитализирана на Клиниката“, соопшти Министерството за здравство.
На денешната владина седница се усвоија нови дополнителни мерки за превенција од ширење на коронавирусот.