Демократите од шест сојузни држави денеска бираат претседателски кандидат

Демократските гласачи денес ќе бираат претседателски кандидат во шест сојузни држави во САД, меѓу кои најважна е Мичиген. Во претседателската трка кај демократите практично останаа само Џо Бајден и сенаторот Берни Сандерс.

Покрај Мичиген, кој на националната партиска конвенција ќе испрати 125 делегати, на избори одат и Вашингтон (89 делегати), Мисури (68), Мисисипи (36), Ајдахо (20) и Северна Дакота (14 делегати).

Џо Бајден по победата на т.н. „Супер вторник“ има освоени 664, а Сандерс 573 делегати. За освојување на демократската претседателска номинација потребен е 1.991 делегат.

Поранешниот потпретседател во администрацијата на Обама во моментов е во голем налет, а Сандерс би требало да биде загрижен поради анкетите кои покажуваат голема предност на Бајден во Мичиген, држава во која тој ја победи Хилари Клинтон пред четири години.

Во Вашингтон, Ајдахо и Северна Дакота, анкетите не даваат значителна предност за ниту еден од кандидатите.

Треба да знаете
Последни објави