Европол: Уапсени 68 лица поради кражба на товар вреден 10 милиони евра

Европол објави дека во полициска акција без преседан во која учествувале пет држави е разбиена една од најактивните мрежи на крадци на товар со повеќе од 100 членови кои работат низ цела Европа и дека нејзините 68 члена биле уапсени.

Во соопштението се наведува дека организираната криминална група извршила повеќе од 150 кражби на товар и нанела штета во вредност од 10 милиони евра.

Последната фаза од операцијата „Стрела“ заврши денес со апсење на 37 членови на организацијата во Романија и претрес на 73 домови низ целата земја од страна на романската национална полиција и француската жандармерија, со поддршка од Европол на теренот.

Претходно, членови на истата група беа уапсени во други европски земји, односно по 10 осомничени во Франција и Шпанија, шест во Холандија и пет во Шведска.

За останатите членови се издадени потерници, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави