Италијанец на Фејсбук објави дека сестрата му починала од коронавирус, 24 часа седел со неа во соба

На социјалната мрежа Твитер се појави видео од Италијанецот Лука Ф., кој буквално ги моли властите во Италија да му помогнат, бидејќи, како што вели, заробен е во стан со сестрата која пред 24 часа починала од коронавирусот.

Тој се снимаше во живо на Фејсбук покрај креветот на кој лежи починатата девојка.

– Живееме во близина на Неапол, затворени сме во куќа, а Тереза почина вчера – рече Лука низ солзи. Тој објасни дека не смее да ја напушти куќата, бидејќи стравува дека и тој се заразил со коронавирусот додека ѝ давал вештачко дишење на Тереза.

https://twitter.com/kr3at/status/1236792832247160844

Треба да знаете
Последни објави