Лајпциг повеќе ќе се радува ако го завери пласман во четвртфиналето од ЛШ

На крајот од денот ќе бидат познати првите патници во четвртфиналето од елитното фудбалско натпреварување, Лигата на шампионите, откако Лајпциг и Тотенхем, односно Валенсија и Аталанта ќе ги одиграат реванш натпреварите од осминафиналето. Германскиот бундеслигаш Лајпциг по првите 90 гостински минути на „Вајт Харт Лејн“ победи минимално и вечерва (21 ч.) пред своите навивачи ќе треба да го верификува пласманот, а шпанската Валенсија која натпреварот ќе го игра без присуство на гледачи со Аталаната, бидејќи гостинот доаѓа од загрозеното италјанско подрачје со коронавирусот, ќе има многу потешка задача да анулира три гола предност на разиграниот калчолигаш (4:1).

Младиот старатег на бундеслигашот Лајпциг, Јулијан Нагелсман чиј тим по саботното реми во германскиот шампионат со Волфсбург (0:0) падна на третата позиција во трката за титулата, порача дека би бил посреќен неговиот тим да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

-Лајпциг игра добра сезона. Не загуби ниту еден натпревар против најголемите конкуренти сезонава и во Бундеслигата и во Лигата на шампиони. Лајпциг загуби само два пати дома цела сезона, една од Шалке и еднаш од Лион и тоа во низа. Се надеваме дека со офанзиван игра ќе го минеме и Тотенхем – порача Нагелсман.

На овој натпревар Лајпциг ќе има посилна одбрана, откако првиот дуел со Тотенхем  го прескокна поради казна за картони Упамекано.

Со многу поголеми проблеми пред вечерашниот дуел се соочува искусниот, трофеен стартег Португалецот Жозе Мурињо кој го предводи Тотенхем. На листата со повредени играч пред денешниот дуел со лајпциг се запиша и најскапото засилување на Мурињо, Стивен Бергвајн, кој го повреди скочниот зглоб и ќе мора да отсуствува подолго време, можеби и до крајот на сезонава.

-Не очекувам Бергвајн дека ќе се врати до крајот на сезонава. Имаме три, четири, шест или седум повредени играчи, веќе стана сеедно, вели Мурињо.

Хари Кејн и Муса Сисоко заработија тешки повреди во јануари, потоа се повреди и Хеунг Мин Сон. На Мурињо му остана само Лукас Моура здрав напаѓач во пресрет на вечерашниот дуел со Лајпциг во кој тимот од Лондон ќе се обиде да го возврати ударот.

Треба да знаете
Последни објави