Папата Франциск: Свештениците да имаат храброст и да ги посетат заболените од коронавирус

Папата Франциск денеска ги повика католичките свештеници да „имаат храброст да излезат и да ги посетат” оние кои се заболени од новиот коронавирус.

– Да се молиме на Бога и за нашите свештеници, да имаат храброст да излезат и да ги посетуваат болните… и да придружуваат медицински персонал и волонтери во работата што ја вршат, истакна поглаварот на Римокатоличката црква.

Папата Франциск ги откажа сите состаноци во петокот минатата недела, поради здравствени проблеми од кои брзо закрепна.

Треба да знаете
Последни објави