Дагреј Скот тврди дека Том Круз не дозволил тој да биде Вулверин во франшизата Х-Men („Икс-мен“).
Круз и Скот заедно работеа на “Невозможна мисија 2“ во 2000 година, а откако филмот го мина првичниот распоред, Том инсистирал на тоа дека Даглас заглавил во финиширање на проектот, што значи дека тој ја изгубил иконската улога на Хју Џекмен.
Скот рече: “Том Круз не ми го дозволи тоа. Ние работевме на „Невозможна мисија“ и тој инсистираше: „Мора да останете и да го завршите филмот, јас му одговорив дека би сакал но треба да одам. Но тој рече дека не можам.“
„Тој беше многу моќен човек. Другите луѓе правеа сè за да успее.“ И покрај ова, Дагреј не покажува никаква огорченост кон Хју Џекман, фалејќи го за тоа што направил со ликот.
Тој за весникот „Дејли телеграф“ изјави: „Ми се допаѓа тоа што го направи Хју со ликот. Тој е прекрасен човек“.
Дагри глумеше во голем број холивудски филмови со голем буџет кон крајот на векот, како што е „Deep Impact“. Но, потоа тој го сврте грбот на многу мејнстрим проекти и не жали за таквата одлука.
„Отсекогаш сум сакал да се чувствувам подобро како актер, а не да бидам боксофис.“
„Дали можев да бидам поуспешен? Да, секако. Но славата никогаш не беше тоа што го сум го посакувал. Само сакав добри проекти”, вели шкотскиот актер.