Тоти ќе размисли за враќање во Рома по промената на сопственоста

Поранешниот капитен на италјанскиот фудбалски калчолигаш Рома, Франческо Тоти, одговори на прашањето дали е подготвен да заземе едно од работните места во клубот, откако бизнисменот Дан Фридкин го купи клубот од Џејмс Палота.

Претходно беше објавено дека заврши трансакцијата за продажба на „римската волчица”.

– Ако ме повикаат, јас ќе одговорам. Ќе ја разгледам можноста. Ниогаш не вели никогаш, изјави Тоти за италијанските медиуми.

Четириесет и тригодишниот Тоти, откако ја заврши кариерата, беше директор на Рома од 2017 до 2019 година. Тој подоцна го напушти клубот поради конфликт со менаџментот.

Треба да знаете
Последни објави